Во зоолошката градина во општината Ла Барбен, во јужниот француски регион Буш-ду-Рон, 13 лица се повредени, од кои четири деца, откако гром погодил расчистена област, јавуваат медиумите.
Едно од повредените лица е од германско потекло, прецизираа истите извори. Повредените се во релативно сериозна состојба, а двајца претрпеле директен удар од гром.
Ниту едно животно не е повредено, ниту инфраструктурата е оштетена за време на инцидентот, во кој учествувале 46 пожарникари. Регионот Буш-ди-Рон денес е под портокалова временска тревога поради бури.