Груби: Македонија ќе добие Албанец за премиер, но и за претседател (ВИДЕО)

Во емисијата “Клик плус“ на ТВ“21“ Артан Груби порача дека Македонија ќе добие Албанец за премиер на државата, но и за претседател.
-Исто како што успеавме, на пример, да го направиме Фатмир Бесими министер за одбрана, што беше незамисливо, како што успеавме да го направиме Талат Џафери министер за одбрана, Агим Нухиу министер за внатрешни работи што беше апсолутно незамисливо. Што успеавме Државниот правобранител, народниот правобранител. Што ќе успееме да го земеме Гувернерот, што го зедовме претседателот на Собранието. И утре ќе го земеме и премиерот, а ќе го земеме и претседателот на државата со ксмет, изјави Груби.