Груевски го изгуби правото да биде пратеник

Loading...

Комисијата за мандатно-деловнички прашања со пет гласови “за“ и ниту еден против или воздржан денес донесе одлука да му предложи на Собранието одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски. Заради тоа што пратеникот Павле Богоевски најави дека ќе поднесе оставка од пратеничката функција седницата ја водеше неговата заменичка, Снежана Калеска – Ванчева.
Иако претходно ВМРО-ДПМНЕ им порача на пратениците да гласаат согласно Уставот и законите, односно за одземање на мандатот со оглед на тоа што Груевски со своето неоправдано отстуство подолго од шест месеци го губи правото и понатаму да биде пратеник, пратениците од оваа партија не гласаа.

loading...