Груевски му кажал на Протуѓер дека земал земјиште на Водно

Loading...

Мартин Протуѓер поранешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ денеска сведочеше во судот на рочиштето за случајот „Плацеви на Водно“. Тој одговарал на повеќе прашања за финансирање на партијата во тоа време, но и за тоа што знаел за евентуално купување плацеви од страна на Никола Груевски, поранешниот премиер моментно азилант во Унгарија.

Фокус објавува детали од сведочењето, а Протуѓер вели дека од 2005 година имал коректен однос со Груевски и дека зборувале и за приватни теми, како вентил од секојдневието. Протуѓер рекол дека Груевски често споменувал дека сака да има куќа на повисоко место и најчесто велел Сопиште.

„Во 2016 година, додека се уште имавме комуникација, дури и бараше таму локација, цената на квадрат беше пониска, му одговараа условите. Мене ми беше невообичаено бидејќи околу 2012 година ми спомна дека земал некое земјиште од 10.000 квадрати некаде на Водно. За волја на вистината, за други детали не сме разговарале. Тој беше таков човек, сакаше да беше внимателен, претпазлив и ако не сака да каже нешто не кажуваше, рече Протуѓер.

Тој додаде дека и покрај тоа Груевски продолжил да зборува за Сопиште.

„Посебно зборувавме во 2015 година кога сакав да го продадам станот, а тој повторно ја врати темата за Сопиште, како да не се десило тоа за земјиштето во Водно, повеќе не спомена, рече сведокот.

Тој појасни дека кога тогашната опозиција ја отворила темата за плацевите на Водно, помислив дека се работи за истото земјиште.

„Но кога разговаравме рече, нема ништо, не е точно, демантирајте го. И ние испративме демант, а потоа и тој лично дрмантираше. Не ми кажа што планирал со тоа земјиште, јас помислив дека е за живеење, но тој никогаш не ни спомна, дополни сведокот.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...
Loading...