Грција ветува дека ќе ги заштити странските инвеститори по нападот на рудниците

Loading...

 Министерот за јавен ред на Грција, Никос Дендиас вети во понеделникот дека ќе бидат заштитени странските инвеститори кои имаат намера да инвестираат во земјата.Оваа изјава следи еден ден по подметнувањето на пожарот во рудник за злато во местото Скурос, на полуостровот Халкидики, во северниот дел на Грција, што предизвика голема материјална штета.Во неделата, десетици луѓе демолираа и подметнаа пожар во рудник за злато, во сопственост на канадска компанија, односно рударската компанија „Хелас Голд“ која е во 90-процента сопственоста на канадската рударска компанија „Елдорадо Голд“. Запалени беа десетина машини, и опрема за рудникот. Припадниците на обезбедувањето биле претепани, полеани со бензин и им биле упатени закани дека ќе бидат запалени. Пред да избегаат, напаѓачите бутнале неколку дрва за да го попречат приодот за противпожарните возила. Полицијата за овој случај приведе вкупно 33 лица, но само за едно од нив е одреден притвор.„Грција е европска правна држава. Ние мора да обезбедиме услови за привлекување странски инвестиции. Тоа е единствениот начин на справување со огромниот проблем на невработеноста“, рече министерот Дендиас за грчката државна телевизија.Министерот кој раководи со полицијата, беше во посета на полициската управа на Халкидики во близина на местото каде што се лоцирани наоѓалиштата.Овластувањата за експлоатација со во неделата оштетените рудници беше издадена од страна на грчките власти во 2012 година – десет години по протестите коишто ги принудија претходните инвеститори да се откажат. Минатата есен, протестите продолжија со обновена жестина и постојано ескалираа во судири со полицијата.Во долгови потонатата Грција во рамките на договорите со меѓународните доверители за големите пакети финансиска помош изготви програма за приватизација, а актуелната влада објави дека има намера да се создадат поволни услови со коишто ќе се привлечат странските инвеститори, чија цел е зголемувањето на конкурентноста на домашната економија и создавање нови работни места.Локалното население се противи на рудникот, бидејќи, според нив, тој ќе ја уништи животната средина.
Макфакс Министерот за јавен ред на Грција, Никос Дендиас вети во понеделникот дека ќе бидат заштитени странските и

loading...