Грција најавува здравствени пасоши за туристите

Loading...

Грција најавува здравствени пасоши за туристите

Грција се наоѓа во многу тешка состојба, особено туристичкиот сектор. Многу од хотелите се пред банкрот и нема да ја издржат сезоната доколку немаат гости.

Според најавите летово сезоната ќе трае пократко, односно од јули до септември. Грчкиот министер за туризам Харис Теохарис охрабрува дека подготовките за сезоната се веќе започнати и дека се надева на добра сезона.

Исповед на жена која прележала коронавирус

Теохарис во интервју за ТВ СКАЈ наведе дека моментално во тек се преговори со Европската Унија околу протоколот.  Туристите прво би се тестираат на аеродромите, по што ќе им биде издаден посебен “здравствен пасош”. Како тоа планира да го изведе не е наведено.

Ова се разбира делува доста амбициозно кога се знае дека заразените можат со денови да не покажуваат симптоми.

Шведска го регистрира својот најголем број смртни случаи на коронавирус во еден ден со 185 починати

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...