Грција: Седум затвореници побегнаа од затвор

Loading...

Седум затвореници побегнаа од затвор во северна Грција, недалеку од границата со Турција, јави Асошиејтед прес, повикувајќи се на локалната полиција.Затворениците побегнале од новоизградениот затвор скокнувајќи од прозор во двор, по што се протнале низ оградата, соопшти полицијата од градот Ферес.Во соопштението се наведува дека сите седуммина затвореници се странски државјани, односно дека тројца биле од Ирак, а по еден од Алжир, Египет, Сирија и Турција. Тие биле осудени за криумчарење на луѓе и трговија со дрога.
МакфаксСедум затвореници побегнаа од затвор во северна Грција, недалеку од границата со Турција, јави Асошиејтед прес,

loading...