Грчката влада ќе гради ѕид на границата со Турција

Грчката влада вели дека планира големо продолжување на ѕидот долж границата на земјата со Турција и бара финансиска поддршка од Европската унија за дополнителната изградба.

Според извештајот, грчкиот министер за миграција, Нотис Митаракис, рече дека челичниот ѕид ќе биде продолжен од 40 на 120 километри (25 до 75 милји), а градежните работи треба да започнат подоцна оваа година.

„Одлука на владата е дополнително да се продолжи граничниот ѕид и ние побаравме европско финансирање“, рече Митаракис.

Аудиото од интервјуто министерот го објави во понеделник на социјалните мрежи. Тој не даде детали за предвидената цена на проектот.

Грција го обвинува соседот и сојузник во НАТО, Турција, за „инструментализирање“ на миграцијата како средство за притисок врз земјите на ЕУ. Тоа е тврдење кое го отфрли Анкара, која вели дека презеде несразмерно тежок товар, прими околу 4 милиони бегалци, од кои повеќето избегаа од граѓанската војна во соседна Сирија.

Минатата година, дванаесет земји, вклучително и Грција, побараа финансирање од ЕУ за граничните ѕидови кои моментално се финансираат од националните буџети. Комисијата на ЕУ во моментов не плаќа за изградба на ѕидови на нејзините надворешни граници, тврдејќи дека тоа ќе ги одземе средствата од други активности поврзани со миграцијата, вклучително и финансирање на агенцијата за заштита на границите на ЕУ, Фронтекс.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.