Грчкиот парламент ги усвои законите за да ја добие траншата од 8,8 млрд евра

Loading...

Грчкиот парламент со гласовите на пратениците од владејачката коалиција доцна ноќта кон понеделникот го усвои пакетот закони кој е услов од ткн „тројка” меѓународни доверители Европската унија, Меѓународниот монетарен фонд и Европската централна банка, за да се овозможи продолжување на исплатата на траншата во износ од 8,8 милијарди евра.

 
Законите ги дефинираат мерките за згаснувањето на даночните долгови и исплатите во фондовите за социјално осигурување, се однесуваат на данокот на имот, обезбедуваат реформа на државниот и јавниот сектор, вклучувајќи го и отпуштањето на вработените и промените во организациската структура на грчкото министерство за финансии.
За законите гласаа 168 пратеници од 292 присутни на седницата, против беа 123 и еден воздржан. За прифаќање на законите неопходен е 151 глас од вкупно 300-те места во парламентот.
Со ова гласање грчката влада потврди дека се` уште има мнозинство во парламентот и може да ги спроведува своите непопуларни политики на штедење во замена за меѓународната финансиска помош. Покрај тоа, предлогот на владата доби четири гласови повеќе отколку при претходните гласања на пратениците.
Министерството за финансии го претстави пакетот закони во петокот во парламентот како итен. Во саботата, законот беше дискутиран и доработуван во парламентарната комисија, каде што исто така беше поддржан од страна на пратениците од трите партии во владејачката коалиција, додека претставниците на опозицијата беа против. Дискусијата на пленарната седница во неделата траеше повеќе од 12 часа, по што веднаш се пристапи кон поединечно изјаснување на пратениците.
Во законот не е вклучена ниедна контроверзна одредба за договорните гаранции на државата, ниту одредбата за намалување од 35 отсто на новите пензии во осигурителната компанија на приватните претприемачи OAEE, но во неа остана одредбата за можност за откази на државните службеници кои работат според индивидуални договори без фиксен рок.
Со планот на владата во Атина за преструктуирање на јавниот сектор во текот на 2013 и 2014 година бројот службеници треба да биде намален за 15 илјади во согласноста со новите мерки коишто ги постави како услов ткн „тројка” меѓународни доверители, за да се овозможи продолжување на исплатата на следните транши од многу милионскиот заем за Грција.
Вработувањата првенствено би требало да ги загубат службениците санкционирани поради корупција или работна некомпетентност, дел од работниците би требало да бидат испратени во предвремена пензија, а меѓу отпуштените би биле и оние чии работни места се укинуваат по затворањето на десетина јавни претпријатија.
За време на гласањето пред грчкиот парламент, на централниот атински плоштад Синтагма се одржа протест на стотици луѓе кои се собраа на повик на синдикатите на вработените во приватниот и во јавниот сектор кои протестираа против итната постапка за носењето на законот, против укинувањето на работните места, бидејќи според еден од највлијателните синдикати Adedy „ваквата политика ги разорува јавните служби и резултира со уривање на социјалната држава”.
Макфакс
Грчкиот парламент со гласовите на пратениците од владејачката коалиција доцна ноќта кон понеде

loading...
Loading...