Погледнете го овој рецепт како да подготвите вкусен колач со кој ќе го израдувате целото семејство.
Грчки колач: Чоколадни коцки со ф’стаци
Потребни состојки:
250 грама путер
235 грама кафеав шеќер
300 грама брашно
3 јајца
1 прашок за печиво
35 грама какао во прав
250 милилитри павлака или јогурт
250 грама темно чоколадо
За глазура:
150 грама темно чоколадо
80 милилитри павлака за готвење
100 грама излупени ф’стаци
Начин на подготовка:
Стопете го чоколадото на пареа.
Измешајте ги путерот и шеќерот со миксер, потоа додајте ги јајцата едно по едно и на крајот сувите состојки – брашното, прашокот за печиво и какаото во прав.
Измешајте ги павлаката или јогуртот во растопеното чоколадо.
Турете го тестото во сад за печење прекриен со хартија за печење и печете околу еден час.
Откога ќе се излади, додека е во тавата, премачкајте го колачот со глазурата. Глазурата се добива со мешање на чоколадото и на павлаката во помал сад, па се готви на средна топлина додека не се добие мазна смеса.
Додека преливот на колачот е сè уште топол, посипете го со сечкани ф’стаци.