Гугл мапс: Ќе бележи темни сокаци и светли улици

Loading...

Гугл работи на нова опција за апликацијата Гугл мапс, што може да значи поголема безбедност на корисникот.
Се работи за показател за лошо и подобро осветлени улици, за корисниците кои се движат пешки. Новата функција се наоѓа во кодот на бета-верзијата на Гугл мапс што покажува дека ќе биде достапна за корисниците.
Програмата ќе ги нагласи добро осветлените улици со жолто.
Кога новата опција ќе биде достапна за широка употреба – засега не се знае, ниту пак, како точно Гугл ќе ги собира податоците редовно и навреме.

loading...
Loading...