Гугл сe закани дека ќе ја запре достапноста во Австралија

Loading...

Американската компанија Гугл се закани дека ќе им ја одземе можноста на Австралијците да го користат тој пребарувач доколку Канбера не го измени својот предлог-закон, што има за цел да го обврзе интернет гигантот да им плаќа на медиумите за нивната содржина.
– Доколку овој закон биде изгласан, нема да имаме друг рационален избор освен да го запреме пребарувачот на Гугл во Австралија, рече регионалниот директор Мел Силва на сослушувањето во Сенатот во Канбера.
Законот ќе ги принуди технолошките компании како Фејсбук и Гугл да плаќаат на медиумите за нивната содржина или во спротивно – да плаќаат казни од 10 милиони австралиски долари (7,7 милиони американски долари).
– Кога ја објавувате цената за поставување линкови до одредени информации, го расипувате начинот на работа на пребарувачите и веќе немате отворена и бесплатна мрежа, нагласи Силва.
Компанијата сака да им плаќа на издавачите преку својата платформа за вести наместо линкови. Речиси 200 изданија потпишаа договори со Гугл да станат дел од таа платформа.

loading...