“Гугл“ ја прекинува соработката со “Хуавеј“

Loading...

По мерките на САД против Кина “Гугл“ ја прекинува соработката со кинеската компанија “Хуавеј“. Мерката ги опфаќа сите зaеднички дејности во врска со трансферирање хардвер, софтвер и сервисите, но не и софтверот со отворен код што се развива во “Гугл“ и кој “Хуавеј“ би можел да го користи, како што е програмата АОСП – отворена верзија на “Андроид“, достапна како слободен софтвер. Со тоа уредите на “Хуавеј“ веднаш ќе останат без надградби и нови верзии на содржините на “Гугл“. Новиот смартфон на “Хуавеј“ нема да има пристап до Гугл плеј стор, Јутјуб, Џимејл, Гугл драјв и Хром.
„Ги разгледуваме последиците од овие одлуки. За корисниците на нашите услуги, Гугл плеј и Гугл плеј протект, тие услуги и натаму ќе функционираат на уредите на „Хуавеј“, изјави претставник на кинеската компанија.

loading...