Гужва на граничните премини, се чека по еден час – зголемен интензитет на сообраќај на патиштата

Loading...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На граничните премини, од македонска страна, за излез на ГП Табановце време на чекање 1 час, исто така за излез на ГП Ќафасан време на чекање 30 минути, а на ГП Богородица време на чекање за излез околу 1 час, додека на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

loading...
Loading...