Гурабии со лешници

Loading...

250 г маргарин
10 лажици масло
5 лажици шеќер
1 јајце
1 жолчка
500 г брашно
1/2 кесичка прашок за печиво
1 ванилин шеќер
100 г мелени лешници
150 г шеќер во прав
Маргаринот, маслото, шеќерот, јајцето, жолчката, прашокот за печиво и ванилиниот шеќер ги соединуваме. Ги додаваме брашното и лешниците, и замесуваме тесто. Го делиме на 5 еднакви делови.
Земаме еден дел, го расплескуваме со рака и ја рамниме површината. Ги сечеме гурабиите по желба или со калапи вадиме форми.
Ги редиме во намрсена тава и печеме 15 мин на 220С. Откако малку ќе се изладат ги свалкуваме гурабиите во шеќер во прав.

loading...