Гучи ја реинвентираше омилената чанта на принцезата Дајана, а трендсетерките веќе се на листа на чекање

Loading...

По вртоглавиот успех на реинвентираната Џеки чанта, Гучи нѝ враќа уште еден омилен аксесоар од својата архива.


Чантата со бамбусова рачка на принцезата Дајана ја редизајнирал Алесандро Мишел 20 години од лансирањето на оригиналот кој ја освоил.


Синоним за стил – Лејди Ди во раните 90-ти години, кога истапи од кралското семејство, препознатливиот шик, софистициран и елегантен стил го замени со оној полежерниот. Нејзината стилистка Ана Харви во една прилика изјавила дека принцезата се одрекла од формалноста и кралските правила на облекување, поради што беше модна икона вредна за воодушевување. Без разлика дали носеше раскошни фустани, класични одела или џемпери и шорцеви, Дајана отсекогаш беше посебна.


Токму така ја носеше и „Gucci Bamboo“ чантата – во најразлични модни изданија.
Најновата верзија на култната чанта се надоврзува на оваа идеја за флуидност, а од оригиналот се разликува по кожните ремени прицврстени околу бамбусовите рачки. Достапна е во 3 големини и 7 бои, а ѕвездите како Сиена Милер и Ел Фанинг веќе го набавиле својот примерок.


Дали повеќе ви се допаѓа оригиналот или модерната верзија?

loading...
Loading...