Давидовиќ: Врвот на ВМРО-ДПМНЕ ја презел командата од МВР на 27 април

Адвокатот на обвинетиот Александар Василевски Нинџа, чија одбрана денеска на судењето за 27 април откри нови моменти за тоа како бил организиран упадот во Собранието,  Звонко Давидовиќ рече дека по одбраната на неговиот клиент станува јасно дека ланецот на командување на МВР на 27 април бил преземен од партиски луѓе.
-МВР останала обезглавена и наместо полициски структури, командувањето на МВР се префрлило на партискиот врв, кој ја презел командата за да заштитат свои интереси, рече Давидовиќ. На прашањето дали може да му се верува на Нинџа или тој може да го дава ваквиот исказ за да издејствуова нешто во своја полза, Давидовиќ потети дека Нинџа е меѓу ретките обвинети кои останаа во притвор во затворот иако тие понудиле гарација од имот и пари од 800.000 евра. Давидовиќ рече дека ваквиот исказ Нинџа го дал и ред Обвинителството во јуни.
Инаку денеска, Нинџа во претпладневниот дел од сведочењето рече дека дека сите насоки за 27 април доаѓале од штабот на ВМРО ДПМНЕ.
Тој на 27 април влегол во штабот на ВМРО ДПМНЕ околу 18 и 10 како што рече таму бил ,,командно оперативниот штаб“, на ВМРО ДПМНЕ  односно Бришкоска, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески, Кирил Божиновски и Митко Чавков кој тогаш е директор на Бирото за јавна безбедност. Тие гледале директен пренос од протестите и како се доближувала толпата кон Собранието, давале насоки.
Бришкоска разговарала со Вељаноски и рекла дека ,,пратениците не си ја завршиле работата и не предизвикале инцидент“. Спиро Ристовски разговарал со водачот на протестите Богдан Илиевски Бетмен, Јанакиески со пратениците во Собранието, а Кирил Божиновски контактирал со општинските комитети на ВМРО ДПМНЕ и г повикувал веднаш да дојдат во Скопје, сведочеше Нинџа.
Тој исто така тврдеше дека програмата за протестите што ги организираше „За заедничка Македонија“ е правеле во штабот на ВМРО ДПМНЕ, а исто така и дека таму ги видел неговите водачи Владо Јовановски, Богдан Илиевски и Борис Дамовски, како излегувале од канцеларија на Кирил Божиновски кого, според Нинџа, го викале,,благајник“.
На прашање на обвинителката Вилма Рускоска, дали ова значи дека водачите земале пари од ВМРО ДПМНЕ затоа што Божиновски беше благајник на партијата, Нинџа кажа дека од Никола Бошковски му било речено дека ,,се исплатувани“.
На прашање на адвокатот на Борис Дамовски дали вистинските водачи на протестите  „За заедничка Македонија“, биле Спиро Ристески и Кирил Божиновски, Нинџа одговори потврдно.
Извор: Партијата го презела командувањето за 27 април