ДАЛИ АНАНАСОТ НАВИСТИНА ГИ ТОПИ КИЛОГРАМИТЕ? Ова е вистината!

Loading...

Многу нутриционисти советуваат да јадете ананас ако сакате брзо и лесно да изгубите тежина. Се препорачува како соодветна замена за слатките
Ананасот е идеална храна доколку сакате да се ослободите од вишокот килограми.
Ова овошје е полно со витамини и минерали.
Покрај тоа, со ананас, нема брзо да огладните бидејќи ќе ве одржи сити долго време.
Ананасот содржи бромелаин, ензим кој му помага на телото подобро да апсорбира одредени хранливи материи, вклучително и добивање енергија од мастите.
Ананасот ја намалува желбата за слатки
Покрај овој ензим, ананасот содржи 2,3 грама влакна по шолја, што е идеална бројка, ако се земе предвид колку влакната се важни кога станува збор за слабеењето.
Исто така, ананасот содржи манган кој го регулира метаболизмот на мастите и јаглехидратите, а истражувањата покажале дека сокот од ова овошје го спречува создавањето на масни наслаги.
Ананасот е овошје кое е полно со вода, а доколку јадеме ананас ќе внесеме соодветно количество течност во организмот што е многу важно за слабеењето бидејќи кога сме хидрирани не се прејадуваме.
Благодарение на својата слаткост, ананасот ќе ја намали и желбата за слатки.

loading...
Loading...