Дали бакнежот со друга личност се смета за неверство?

Неверството дефинитвно е лоша работа, а стаува полоша кога критериумите кај мажите се различни. Тоа го покажало и истражувањето на организацијата „Relate“, кое е направено со повеќе од 5.000 испитаници.
Имено, забележани се навистина големи разлики помеѓу половите, поточно начинот на кој тие го доживуваат неверството.
Според статистичките податоци откриено е дека еден од пет мажи не смета дека страствениот бакнеж значи неверство, додека дури 91% од жените го сметаат спротивното.


Кога станува збор за испраќање пораки со експлицитни содржини преку мобилен телефон или компјутер, ситуацијата е сосема поинаква. Девет од десет жени и осум од десет мажи велат дека размената на сексуално експлицитни содржини преку порака е неверство.
20% од жените велат дека неверство за нив е и ако нивниот партнер гледа порно филмови сам, во споредба со една десетина мажи, кои не гледаат ништо лошо во тоа.
Сепак, љубовното и сексуалното неверство и понатаму е еден од најголемите проблеми во врските, а само 33% од учесниците во истражувањето изјавиле дека мислат дека нивната врска може да преживее афера.

Loading...