ДАЛИ ГО ЗНАЕТЕ ОДГОВОРОТ НА МИЛИОН ФУНТИ? Пред 15 години ОВА ПРАШАЊЕ беше поставено во „МИЛИОНЕР“

Не секој ден натпреварувач во „Милионер“ го отвора последното, највредното прашање. Во британската верзија на квизот тоа не се случило од 2006 година.

Меѓутоа, Џон Робинсон, професор по англиски јазик од Бирмингем, кој претходно точно одговорил на 14 прашања, се нашол со можност да одговори на прашањето за милион фунти! И тоа беше историско.

Кој од британските премиери никогаш не бил министер за надворешни работи?

А) Винстон Черчил

Б) Алек Даглас-Хоум

В) Ентони Идн

Г) Харолд Мекмилан

Натпреварувачот на крајот решил да се откаже бидејќи не бил сигурен во одговорот и си заминал дома со половина милион фунти.

А знаете ли за кој премиер се работи?

Пред да стане премиер во 1963 година, Алек Даглас-Хоум беше министер за надворешни работи од 1960 година. Ентони Иден беше британски министер за надворешни работи во три наврати (1935-1938, 1940-1945 и 1951-1955) и премиер од 1955 година. Харолд Мекмилан беше премиер од 1957 година, а пред тоа беше министер за надворешни работи во 1955 година.

Значи, точниот одговор е – Винстон Черчил.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.