Дали знаете кои биле оригиналните наслови на најпознатите класици?

Loading...

Можеби не треба да ја судите книгата по корицата, но дефинитивно треба да обрнете внимание на насловот. Од насловот зависи дали некоја книга ќе ве привлече или не. Можеби ќе се изненадите, но некои од најпознатите класици во литературата имале сосема поинакви наслови на почетокот.

Погледнете ги оригиналните наслови на најпознатите класици…

„1984“ – Џорџ Орвел (1984)

Дистопискиот роман на Орвел најпрво се викал „Последниот човек во Европа“ (The Last Man in Europe), но издавачите сметале дека нема да привлече доволно внимание. Со оглед на тоа што оваа книга била продадена во повеќе од 30 милиони примероци, ние мислиме дека тие донеле правилна одлука.

„Големиот Гетсби“ – Ф. Скот Фицџералд (The Great Gatsby)

Замислете го ова ремек-дело на Фицџералд со наслов како „Трималхион во Вест Ег“ (Trimalchio in West Egg) или можеби „Љубовникот кој високо отскокнува“ (The High-Bouncing Lover). Писателот си играл со повеќе наслови додека конечно не се одлучил за „Големиот Гетсби“.

„Дракула“ – Брем Стокер (Dracula)

Кратко и јасно, насловот на готскиот роман од Брем Стокер зборува сам за себе. Но, оригиналниот наслов гласел „Мртвиот жив“ (The Dead Un-Dead), што иако звучи пострашно, малку е збунувачко.

„Рамнодушниот Атлас“ – Ејн Ренд (Atlas Shrugged)

На Ејн Ренд ѝ требале 12 години за да ја напише нејзината најпозната книга, но таа се премислила околу насловот, кој една година пред да биде објавен романот гласел „Нападот“ (The Strike). Ренд сметала тоа открива премногу од заплетот и на крајот го прифатила предлогот на нејзиниот сопруг и го одбрала насловот „Рамнодушниот Атлас“.

„Гордост и предрасуди“ – Џејн Остин (Pride and Prejudice)

Таткото на Џејн Остин ја предал првата верзија од ракописот на издавачот под наслов „Први впечатоци“ (First Impressions), но издавачот го одбил. Подоцна, Остин го поправила текстот и го сменила насловот, а останатото е книжевна историја.

loading...