Дали може да се разболите од пари?

Loading...

Парите буквално одат од рака во рака, после што на нив се собираат илјадници бактерии.
Иако повеќето од нив се безопасни, после ракувањето со пари, рацете треба добро да се измијат.
Бактериите на банкнотите и монетите се слични на оние на кваките во јавните тоалети или држачите во јавниот превоз. Но, докторите велат дека само мала количина од нив се лепат за прстите.
Бактериите кои влекуваат во организмот преку пукнатините на кожата или преку голтање, можат да предизвикаат инфекции кај луѓето со ослабен имунолошки систем.
Посебно внимание е потребно при контакт со храна. Ако допрете банкнота полна со бактерии и после тоа допрете храна, бактериите во храната ќе се размножат.
Затоа, важно е рацете да се измијат 10-на секунди пред да имате контакт со храна и секако после тоа.
Наспроти популарното верување, бакарните монети немаат антибактериски ефект. Тој може да спречи размножување на некои бактерии, но не може да ги уништи.

loading...