Дали ни се случува „ЛИМОН ПАЗАР“ – ниските цени да го избркаат квалитетот?

Loading...
Податоците во однос на платите во Македонија се поразителни и покажуваат дека многу граѓани тешко може да избираат производи, па така цените на производите ги избираат нив. Анкетите на купувачите низ продавниците покажуваат дека се гледа да се купи она што е на акција, пред истечен рок, спакувано две во едно, или она што душата не го сака, а џебот едвај го дозволува.

Во Македонија, како што изјавија од Сојузот на синдикати, има 110.000 вработени што примаат минимална плата, која во моментов е едвај 15.200 денари. Од друга страна, официјалните податоци покажуваат дека редовно вработени за кои се плаќа пензиски и здравствен придонес, во државава има 571.863, што значи дека секој петти вработен зeма минимална плата! Според статистичките податоци просечната нето-плата е 29.145 денари, но сите анализи покажуваат дека поголемиот дел од вработените не стигнуваат до тој просек.

Уште пониска е потрошувачката моќ на пензионерите. Последните податоци покажуваат дека просечната пензија во државава е 15.845 денари, а има 326.814 корисници на пензија од кои 88,467 пензионери земаат до 11,000 денари пензија.

Во услови на ваква статистика во државава се случува таканаречениот „пазар на лимонот“.

ШТО Е ПАЗАР НА ЛИМОН?

„Пазарот за лимони: несигурност на квалитетот и пазарниот механизам“ е широко цитиран труд од 1970 година на економистот Џорџ Акерлоф, кој испитува како квалитетот на стоките со кои се тргува на пазарот може да се деградира во присуство на информациска асиметрија помеѓу купувачите и продавачите. оставајќи зад себе само „лимони“ Во американскиот сленг лимон е автомобил за кој ќе се утврди дека е неисправен откако ќе се купи.

Да претпоставиме дека купувачите не можат да направат разлика помеѓу висококвалитетен автомобил („праска“) и „лимон“. Тогаш тие се подготвени да платат само фиксна цена за автомобил што е просечна вредност од „праската“ и „лимонот“ заедно.  Но, продавачите знаат дали држат праска или лимон. Со оглед на фиксната цена по која купувачите ќе купуваат, продавачите ќе продаваат само кога држат „лимони“ и ќе го напуштат пазарот кога држат „праски“. На крајот, како што продавачите на „праски“ го напуштаат пазарот, просечната подготвеност за плаќање на купувачите ќе се намали (бидејќи се намали просечниот квалитет на автомобилите на пазарот), што ќе доведе до тоа уште повеќе продавачи на висококвалитетни автомобили да го напуштат пазар преку циклус на позитивни повратни информации. Така, цената на неинформираниот купувач создава неповолен проблем со изборот што ги истиснува висококвалитетните автомобили од пазарот. Несаканиот избор е пазарен механизам кој може да доведе до колапс на пазарот.

Трудот на Акерлоф покажува како цените можат да го одредат квалитетот на стоките со кои се тргува на пазарот. Ниските цени ги избркаа продавачите на висококвалитетни стоки, оставајќи ги само лимоните зад себе. Во 2001 година, Акерлоф, заедно со Мајкл Спенс и Џозеф Стиглиц, заеднички ја добија Нобеловата меморијална награда за економски науки, за нивното истражување за прашања поврзани со асиметрични информации.

РИЗИКОТ СО АВТОМОБИЛИТЕ

Автомобилите се само симболика која го објаснува „пазарот на лимони“. Но, токму состојбата со автомобилите во Македонија, исто така, одлично го пресликува овој економски феномен, кој навлегува и во другите сегменти на пазарот од храната, па се до автомобилите.

Во периодот од јануари до октомври се увезени вкупно 33.600 возила од кои само 4.381 нови. Просечна старост на автомобилите е 19 години. Според продавачите на стари возила, најмногу интерес има за возила на старо кои чинат околу 3.000 евра. Автомеханиларите пак велат дека имаат полни раце работа со купените „нови возила“ на старо и дека најчесто поправките кои се случуваат набргу по купувањето се најмалку 500 евра.

Најголем дел од половните возила што се продаваа во последните 5 години се со ЕУРО 4 еколошкиот стандард, кој ЕУ полека го истиснува за сметка на повисокиот еуро 6 стандард за емисија на штетни гасови. Исто така, во Македонија завршуваат и многу возила на дизел гориво од кои сакаат да се ослободат Европејците во земјите со висок стандард.

Резулататот на ваквиот тренд предизвикан од стандардот е истиснување на „праските“ на половни возила со повисок еколошки стандард и понова година на производство, и убедување од страна на купувачите дека „лимоните“ се млада мома за мажење.

Целиот текст е достапен на следниот линк: https://pari.com.mk/lemons-problems-niski-ceni-kvalitet/
* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...
Loading...