Дали одите на денско кафе за да бидете видени, или да се видите со пријателите?

Loading...

Ќе се согласите со нас дека ова станува се подискутабилна тема, токму поради фактот што, многубројни се луѓето што одат на кафе за да тераат „шема“, односно да бидат видени, а се помалку за да се видат со блиските, со пријателите и да поразговараат за нивните случувања. Тренд во нашиот град кој веќе подолго време се негува.
А, која е поентата на тоа, да се „скоцкаш“ и да седнеш на денско кафе за да бидеш виден? Да седиш 3 саати и да пиеш една цедевита, најчесто во оние популарни кафичи каде што одат „квалитетните луѓе“, или џетсетерите. Дали со такво однесување им се зголемува егото на истите, или стануваат подобри личности во очите на останатите? Секако дека не, но секој си тера свој филм, ако некому тоа му претставува задоволство, тогаш е на прав пат.
Сепак, се губат вистинските вредности и пријатели. Ретко кому му одговара пријател со оскуден муабет, кој најголемиот дел од времето поминато за кафе, седи со смартфонот и се слика, чекира и тн. Но, затоа луѓето се сепарираат, оваа група на луѓе оди во кафич кој е „актуелен“ и ужива во туѓите погледи вперени кон нив, додека другата група, онаа на малку поприземјени луѓе, често бираат некое поинтимно место, каде што ќе можат да се видат и низ долг муабет да си го испијат денското кафе. И да, оваа група на луѓе не е преокупирана со тоа како ќе изгледаат и дали ќе бидат атрактивни за погледите на останатите во кафичот. Тие често го занемарува телефонот, затоа што го почитува соговорникот, и се фокусирани на нивниот разговор. А со такви соговорници, секој би посакал да го потроши своето слободно време. 
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Ќе се согласите со нас дека ова станува се подискутабилна тема, токму поради фактот што, многубројни се луѓето што ода

loading...