Дали се ближи крајот на автомобилите на бензински погон?

Loading...

Автомобилите на бензински погони заминуваат во историјата, дури и ако треба да поминат неколку децении за да се заменат, од денешна гледна точка се чини е тешко да се сфати.
Моторите со внатрешно согорување го движат автомобилот повеќе од 100 години. Но, свртувањето кон електричните возила, кое веќе се остварува, сега се забрзува поради заострувањето на владините политики, падот на трошоците и општествената одговорност за климатските промени.
Калифорнија оваа недела соопшти дека планира да ја прекине продажбата на нови конвенционални автомобили до 2035 година во корист на возила со нулта емисија на штетни гасови што ќе работат на електрична енергија.
Извршната наредба на гувернерот Гавин Њусом, без сомнение, се соочува со огромна правна борба и може многу да зависи од изборниот исход и од формата на Врховниот суд, објаснува Бен Геман од Аксиос.
Остатокот од светот е далеку напред, најмалку 15 земји веќе забрануваат нови бензински автомобили, а други прифаќаат строги политики за поттикнување и усвојување на електричните возила.


Европа и Кина се разбудија од фактот дека моторот со согорување е мртов. Сега, се чини дека САД се будат изјави за Волстрит журнал, Арндт Елингхорст, автомобилски аналитичар во Бернштајн Рисрч.
Производителите на автомобили веќе се приспособуваат, инвестирајќи околу 200 милијарди долари за развој на технологија на електрични автомобили во следните пет години.
Мораме реално да веруваме дека околу 2035 година ќе има сериозна дискусија за забрана на моторот со внатрешно согорување, а не само во Калифорнија, изјави извршниот директор на Волво Карс, Хака Самуелсон.
Зошто е важно? Климатските промени се тука, а елиминацијата на емисиите од возилата е во предност и е во центарот на напорите за ограничување на емисиите на СО2.
Урбанистичките планери сега имаат за цел да ги редизајнираат градовите околу луѓето, а не автомобилите, преку инвестирање во населби во кои може да се пешачи, наместо во приградски автопати. Додека тоа не се случи, луѓето ќе продолжат да возат, предупредува колегата од Брукингс, Ади Томер.
Америка засега е заглавена во возењето, затоа мораме веднаш да ја електрифицираме флотата, рече Томер, каде помалку од 2% од автомобилите во САД денес се електрични и едвај 6% во Калифорнија.
Дури и ако секоја држава го следи патот по кој тргна Калифорнија до 2035 година, ќе поминат децении пред сите бензински возила да исчезнат од американските патишта.
Блумберг вели дека продажбата на електрични возила ќе се зголемува до 58% од продажбата на нови автомобили ширум светот до 2040 година, но сепак, тоа ќе значи само 31% од сите автомобили на патот ќе бидат електрични.


Акциите на компаниите за електрични возила и за обновлива енергија се зголемуваат, дури и оние што сè уште не произведуваат ваков тип на возила.
Акциите во малку познатата „СПИ енерџи“ скокнаа за дури 4.000% во средата откако компанијата објави дека влегува во бизнисот со електрични возила. Но, постојат сериозни пречки што мора да се надминат пред ваквите автомобили да бидат достапни и погодни за секого, вклучително и батерии со пониска цена и попристапна инфраструктура за полнење.
Тесла оваа недела постави замисла за поевтини батерии со поголема енергетска моќ и цел за продажба на електричнивозила за 25.000 американски долари. Но, извршниот директор Елон Маск призна дека пресвртницата е се уште неколку години далеку.
Во меѓувреме, Фолксваген смета дека ја има вистинската формула со својот нов „ID.4“, претставен оваа недела.
Фолксваген нуди три години бесплатно полнење и привлечна цена – 39.995 американски долари – за „ID.4“, што е насочен кон пазарот на компактни теренци. Со државен кредит од 7.500 долари и потенцијално уште илјадници даночни попусти во државата, „ID.4“ може добро да ги намали конкурентите на гас и хибрид, како што се „Honda CR-V“ и „Toyota RAV4“.

loading...