Дали сте подготвени за следниот чекор во врската – живеење заедно?

Loading...

Одлучивте да живеете заедно со партнерот, но не сте сосема сигурни дали го правите вистинскиот чекор. Заедничкиот живот значи многу компромиси, нови навики, прилагодување и слично.
Токму затоа мора да бидете искрени, прво со себе, а потоа и со партнерот, кога си одговарате на овие прашања што ќе ви покажат дали навистина сте подготвени да живеете заедно со партнерот.
Ако искрено одговорите на овие прашања, ќе знаете дали го правите вистинскиот чекор.
Дали ја имате дефинирано врската?
Многу е важно и двајцата да влезете во новиот заеднички живот од иста стартна линија. Тоа значи дека и на двајцата треба да ви е јасно точно што сте си еден на друг. Можеби звучи банално, но иако се сакате и сакате да бидете заедно, важно е да ја дефинирате врската за да бидете посигурни и да ви биде поудобно.
Дали знаете ЗОШТО сакате да живеете заедно?
Ова е можеби најважното нешто што треба да го имате предвид. Многу двојки не се подготвени за заеднички живот, но се вселуваат заедно мислејќи дека така ќе ги намалат трошоците и ќе си го поедностават живеењето. Тоа не е погрешна причина, но и двајцата треба да бидете согласни дека е главната причина и дека немате поголеми очекувања, односно дека живеењето заедно е од практични причини, а не мора задолжително да води кон брак. Најдобрата причина зошто сакате да живеете заедно со партнерот, без разлика дали сакате евентуално врската да прерасне во брак или не, е емотивната. Тоа значи дека сакате секој ден да се будите и да заспивате со таа личност, да ја видите после напорен ден, да ги делите малите и големите радости и таги во животот и да формирате некаква заедница.


Дали очекувате дека заедничкото живеење ќе ги смени лошите навики?
Заедничкиот живот ќе донесе промени, но нема во суштина да ве смени како карактери. Ако вашиот партнер е мрзелив, неодговорен, неверен или не знае да комуницира, живеењето под ист покрив со вас нема магично да ги смени тие лоши навики. Голема е веројатноста да продолжи да се однесува така, само што вие ќе бидете сведок на тоа почесто.
Истото важи и за вас. Ако мислите дека одеднаш ќе се претворите во нова личност само бидејќи живеете заедно со партнерот, се лажете. Бидете искрени со себе и поработете на своите проблеми пред да почнете заеднички живот со некого.
Дали имате систем за решавање на конфликти?
Нема двојка во која партнерите не се расправаат, за мали и за големи работи, но многу е важно да имате систем на решавање на конфликтите, особено ако планирате да живеете заедно. Прво, тоа покажува дека сте подготвени да наоѓате решенија за несогласувањата и да се соочувате со проблемите како тим, односно дека се борите за врската, а не еден против друг.
Дали ги јасно имате одредено „правилата“?
Ова можеби звучи грубо, но заедничкото живеење е еден вид договор, а секој договор има свои правила. Дали ќе живеете заедно под кирија, во ваш или негов стан/куќа? Кој, што и колку ќе плаќа? Како ќе ги поделите домашните обврски? Дали сте разговарале за уредување на станот? Домашни миленици? Како го поминувате слободното време? Дали често имате гости?
Овие се многу прашања што мора искрено да (си) ги одговорите пред да го направите големиот чекор и да почнете заеднички живот, без разлика колку се сакате.

loading...
Loading...