Дали сте сексуално компатибилни со партнерот?

Запознавте нова личност, добро се согласувате и иднината се чини сјајна. Но, дали и вашиот сексуален живот ќе биде подеднакво кавлитетен и возбудлив и што е уште поважно – дали ќе остане таков?
Љубовта не се случува на прв поглед и може да помине некое време додека не стигнете до фазата на длабока врска што ве исполнува.
Како да препознаете дали си одговарате и во сексуална смисла?
Најчесто, одговорот е: кога ве возбудуваат исти нешта. Ако и двајцата сметате дека нешто е секси или еротско, тоа е еден од знаците дека се движите кон интимност и сексуална компатибилност.
Најпрво, одговорете искрено на овој мал квиз на психотерапевтката Стејси Кајзер:
Дали сте среќни и се смеете кога сте со таа личност?


Кога не сте заедно, дали се радувате на вашата следна средба?
Кога ќе се бакнете, дали чувствувате моментна физичка енергија и возбуда?
Дали сте подготвени да жртвувате спиење или незавршување на работа или обврска за да поминете повеќе време со оваа личност?
Дали при физички контакт со оваа личност, макар и само држење за рака, секогаш сакате повеќе?
Ако одговоривте позитивно и без колебање на повеќето од овие прашања, вашата врска ќе се разгори и ќе пламти уште долго, долго време, вели Кајзер.


Сексуалната компатибилност се потпира на едноставна хемија меѓу две личности, вели доктор Израел Хелфанд. Повеќето луѓе кои се во успешни, долги и здрави сексуални врски велат дека едноставно го сакаат чувството што им го предизвикува другиот, нивниот мирис, па дури и вкус.
Без оваа магнетна привлечност и желба за физичко присуство на другата личност, сексуалната компатибилност е само задоволителна.
Независно од тоа дали само што сте ја запознале вашата „сродна душа“ или таа личност ја познавате со години, не заборавајте дека комуниакцијата е неопходна за одржување на здравата врска, вклучувајќи ја и сексуалната.
Денес е полесно да се впуштите во сексуални авантури, отколку навистина да разговарате за сексот.
Двојките кои не можат да разговараат отворено треба да размислат за квалитетот на нивниот сексуален живот и што можат да преземат во врска со тоа.