Дали тестенините дебелеат?

Добра вест за сите оние кои не можат да е откажат од шпагетите, макароните, равиолите, воопшто, од тестенините, е дека тие не дебелеат.
Научниците од италијанскиот институт IRCCS Neuromed го претставија новото истражување со кое тврдат дека исхраната богата со тестенини нема никакво лошо влијание на вашиот струк. Напротив.


Истражувањето вклучило следење на исхраната на дури 23.000 луѓе, како и на нивната телесна тежина. Заклучокот е дека оние кои редовно јаделе умрена количина на тестенини за ручек и вечера всушност се послаби од оние кои конзумирале друга храна за главните оброци.
Конзумацијата на тестенини, тврдат научниците, е поврзана со намалување на индексот на телесната маса, со потенок струк и со подобра размерност на сантиметри меѓу струкот и колковите.