Дали тој ве заслужува?

Големите гестови и подароци секако дека се пожелни, која од нас не сака од време на време да биде размазена од својот партнер?
Но, доказот за вистинската љубов не е во материјалните нешта туку во малите но од големо значење нешта.
Па ако вашиот сакан за вас прави некои од следниве работи едноставно треба да го задржите до себе…
Се интересира како ви поминал денот
Едноставно прашање од типот “Како ти помина денот?“ покажува голем интерес и желба да дознае што сте правеле и дали се поминало во ред.


Ви ја отвора вратата од автомобилот
Иако џентлменството денес не се смета за важно, веруваме дека на секоја дама добро би и дошло. Дури и да не сте на почетокот на врската овој потег ќе ве израдува.
Сака да ве гушка и бакнува
Да бидете во прегратката на саканиот е нешто најубаво.
Внимателно ве слуша
Кога покажува интерес значи дека ве смета за вредна за неговото внимание.
Ви се јавува
Денес кога е попопуларно да се испраќаат пораки наместо да се зборува би требало да ве израдува ако тој сака да ве слушне бидејќи тоа значи дека ве почитува и цени.
Ви кажува дека изгледате убаво
Мора да признаеме дека на секоја од нас и годи кога саканиот ќе истакне нешто што му се допаѓа кај нас.


Ги помни деталите од претходниот разговор
Кога ќе спомне важен факт од разговорот кој сте го воделе пред некој ден, покажува дека ви посветува внимание на тоа што му го говорите.
Ве држи за рака
Држењето за рака е нешто што повеќето не му посветуваат внимание но кога ќе ја земе вашата рака покажува дека е горд што е токму со вас.
Неочекувани слатки пораки
“Се надевам дека се е ок, ми недостасуваш“ има огромно значење. Тоа секако дека ќе ви го подобри расположението.
“Те сакам“ кога најмалку очекувате
Кога не ја очекувате оваа фраза веруваме дека ќе ви го стопи срцето.
Дали вашиот партнер го помина овој тест?

Loading...