Дали јадењето луто навистина „отвора апетит“?

Loading...

Некои луѓе не можат ни да замислат да јадат топло кари или да макнат со леб во лут сос, додека други не седнуваат да јадат ако нема нешто луто или зачинето на масата.
Има широк спектар на јадења кои припаѓаат на лута храна, а една од најпознатите се чили пиперчињата.
„Тие содржат активна состојка наречена капсаицин, која има иритирачки ефект“, вели професорот Стјуарт Блум, гастроентеролог во болницата Велингтон во Велика Британија.
„Капсаицинот го стимулира протокот на крв во цревата и го зголемува производството на слуз, а може да предизвика и дијареа. Колку и да е зачинетата храна вкусна за многу луѓе, таа сепак е иритирачка. Дефинитивно е поврзано со зголемени проблеми со варењето и чувство дека ви ‘гори’ во стомакот“, додава професорот Блум.


Сепак, ефектот што лутата храна го има врз нашето тело навистина варира од личност до личност.
„Ако имате дијагноза како колитис или Кронова болест, лутата храна може да ги влоши вашите симптоми. Понекогаш ќе се загреете или испотите поради јадење лута храна. Некои масла во лутата храна всушност влијаат на кожата и чувствувате реакција на потење“, предупредува Блум.
Сепак, има причина зошто некои луѓе не можат да престанат да јадат луто. Јадењето чили пиперчиња потенцијално ослободува ендорфин, а тоа може да биде објаснување зошто чувствувате толкава возбуда после зачинет оброк, дури и ако устата ви е уште малку отрпната.
Лутата храна и апетитот
Блум смета дека ова е особено интересна област на истражување бидејќи доказите се контрадикторни. Тој се повикува на една кинеска студија од 2014 година, која покажува дека лутата храна е поврзана со зголемување на телесната тежина, но забележува дека причината и последицата не биле разгледани.
„Тоа би можело да биде сè – може да станува збор за луѓе кои јадат повеќе и јадат луто како дел од нивните оброци“, додава Блум.
Од друга страна, Блум споменува други студии кои покажуваат дека капсаицинот всушност може да ја зголеми потрошувачката на калории и да го намали апетитот.
Заблуди за лутата храна
Блум исто така сака да отфрли некои митови за лутата храна.
„Многу луѓе мислат дека лутата храна предизвикува чир, но навистина нема докази дека тоа навистина се случува. Лутото има улога во намалувањето на производството на киселина, го стимулира производството на слуз и протокот на крв. Јасно е дека зачинетата храна всушност помага при варењето и го стимулира протокот на крв во цревата“.
Тој, исто така, сака да го оспори мислењето дека лутата храна ги влошува хемороидите или може да предизвика рак.
„Исто така, нема докази за такво нешто“, заклучува тој.

loading...
Loading...