Дали ќе има зимско сметање на времето? Најавите се дека е можно да нема промена од летното. Постојаната промена може штетно да влијае на здравјето

Дали ќе има зимско сметање на времето? Најавите се дека е можно да нема промена од летното.

Кога доаѓа до промена:

Летното сметање на времето треба да заврши на 30 октомври, кога часовникот треба да се врати еден час наназад, односно 3 часот по полноќ, ќе се смета дека е 2 часот.

Мотив за да нема промена:

Владата заради заштеди на струја разгледува можност и по 30 октомври да остане летното сметање на времето. Таа го задолжи Министерството за економија да ги разгледа можностите околу евентуално продолжување на примената на летното сметање на времето, со цел дополнителни заштеди во општата потрошувачка на електрична енергија.
Дали ќе има зимско сметање на времето? Најавите се дека е можно да нема промена од летното. Постојаната промена може штетно да влијае на здравјето

Заради летното сметање на времето „Daylight Saving Time (DST)“ часовниците во текот на пролетта ги поместуваме за еден час напред, а во текот на есента за еден час наназад. Од Првата светска војна па наваму ова годишно поместување на часовниците е практика во многу европски земји и во САД. Во 1918 година, додека Германија и другите европски земји веќе го применувале летното сметање на времето, Конгресот на САД го усвоил првиот закон за летно сметање на времето, заедно со законот за стандардно време „Standard Time Act“. Главната цел на DST е подобро да се искористи дневната светлина и да се заштедат средства за енергетските потреби што се покажало многу ефикасно особено во оние времиња кога луѓето главно се потпирале на енергијата произведена од јаглен.

Дали ќе има зимско сметање на времето? Најавите се дека е можно да нема промена од летното. Постојаната промена може штетно да влијае на здравјето

Денес, настрана фактот што повеќето земји повеќе не се потпираат на енергија добиена од јаглен, има и држави во САД, како што е државата Аризона, на кои летното сметање на времето нема да им биде многу корисно бидејќи  температурите може да бидат навистина високи и единствен период кога се подносливи е во текот на ноќта. Покрај ова, преминот кон и од летното сметање на времето е поврзан и со невролошки состојби, понекогаш дури и придонесувајќи за мозочен удар.

Како летното сметање на времето влијае на нашето здравје?

Додека светот се стремел кон долгорочните придобивки од летното сметање на времето, негативните влијанија и ефекти кои ги предизвикува кај луѓето останале незабележани. Според клиничката студија презентирана на „ American Academy of Neurology’s 68th Annual Meeting“ одржана во Канада, едночасовните поместувања на часовникот може да го зголемат ризикот од исхемичен мозочен удар. Еден од секои 20 смртни случаи во САД е предизвикан од мозочен удар. По еден Американец починува од мозочен удар на секои 4 минути, а 87% од случаите се исхемични мозочни удари каде згрутчувањето на крвта го попречува протокот на крв во мозокот. Податоците покажуваат дека случаите на исхемичен мозочен удар се повисоки во првите два дена од летното сметање на времето.

Летното сметање на времето ги чини Американците и сите други нации еден час сон. Иако се работи за само еден час, сепак на вашиот биолошки часовник му е потребно да се прилагоди на оваа промена. Губењето на еден час сон не само што предизвикува промени во расположението, туку исто така може да предизвика повеќе негативни ефекти врз работата на срцето. Нарушувањето на вашиот секојдневен ритам може да доведе до зголемен ризик од мозочен удар. Ризикот нема да се намали додека телото целосно не се прилагоди на временските транзиции.

Дали ќе има зимско сметање на времето? Најавите се дека е можно да нема промена од летното. Постојаната промена може штетно да влијае на здравјето

Поместувањето на часовникот влијае и на нивоата на хормони во телото. Кога сте лишени од сон нивото на хормоните ќе биде нарушено. Ова може да резултира со мали несакани ефекти како што се промени во апетитот и можно нарушување во исхраната, и посериозни несакани ефекти како тешкотии во работата на срцето и проблеми со тироидната жлезда.

Повеќето држави во САД ќе започнат со летното сметање на времето во 02:00 часот на 8 март 2020 година и ќе завршат во истото време на 1 ноември 2020 година. Запомнете, првите неколку дена од транзицијата се клучни за вашето здравје, па затоа е важно да преземете постепени чекори за да му дозволите на вашето тело да се прилагоди. Исто така е важно да разговарате со вашиот кардиолог ако имате тешкотии со работата на срцето или имате историја на мозочен удар.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.