Дали ќе одат ли премиерот и министрите во самоизолација: Остварија средба со кумановскиот градоначалник, а тој има коронавирус

Loading...

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски денес откри дека е заразен со коронавирусот.
„Почитувани сограѓани, драги пријатели, сега ги добив најновите резултати за новите позитивни лица во Куманово, вкупно четириесет мои драги сограѓани помеѓу кои сум и јас.
Во текот на вчерашниот ден, премиерот Оливер Спасовски и неколку министри беа на средба со Димитриевски.


Со градоначалникот кој има коронавирус на иста маса, освен Спасовски седеа вицепремиерот Бујар Османи, министерот за здравство Венко Филипче и министерот за образование Арбер Адеми.
По позитивните резултати на Димитриевски сега се очекува да бидат одредени мерки за самоизолација на оние кои биле во контакт со него, според воспоставената пракса и протоколите за спречување на ширењето на вирусот.

loading...