ДАНЕЛА РЕШИТЕЛНА: Град Скопје ги паркира автобусите пред Владата, бара да се намират долговите за да може да се исплатат вработените во ЈСП

Град Скопје денеска ги извади автобусите на ЈСП пред Владата, потег кој го најави вчера градоначалничката Данела Арсовска, посочувајќи дека вината за тоа што вработените во ова скопско јавно претпријатие сè уште не зеле плата е кај Владата, односно кај Министерството за образование кое му должи два милиони евра на ЈСП од блок дотации за бесплатниот превоз на средношколци.

Се чини дека градоначалничката е на удар на БЕЛАТА ПАЛАТА но и на БИХАЌКА ББ. Иако обвинувана од Мицковски дека е во коалиција со СДС таа сепак за ЈСП има сериозни сопки токму од таму.

На новинарите прво им се обрати секретарот на Градот, Зоран Глигоров, кој рече:

„Оној што должи мора да плати.

Тој порача на скопјани дека заслужуваат да имаат јавен превоз и дека тој ќе се реализира, без разлика, како што рече, на проблемите со кои се соочуваат и на притисокот.

Доколку ЈСП не ги добие парите, за кои раководството тврди дека Владата ги должи, в.д. директорот најави радикализација на протестите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.