Данела чисти се од листата на Мицковски. И директорот на Градски паркинг поднесе оставка

Дефинитивно се продлабочува судирот помеѓу Мицковски и градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, која патем беше избрана од него. Пречесто кадрите на Мицковски се оградуваат од него или влегуваат во конфликт за тендери и со обвинување дека се случуваат проневери…

Пред кратко време и Стевчо Јакимовски исто така го обвини Мицковски за рекет и притисоци и потоа ја раскина коалицијата со него. Што навистина се случува во БЕЛАТА ПАЛАТА? Дали политиката и партијата се средство за влијание, моќ и трупање на богатство??

В.д. директорот на ЈП „Градски паркинг“ – Бојан Христовски денеска на Фејсбук сподели дека се повлекува од раководната позиција во претпријатието.

„Денеска навршуваат точно 8 месеци од моето именување за в.д. директор во ЈП Градски паркинг Скопје. На 13 јануари оваа година беше мојот прв работен ден во ова претпријатие, а денес е мојот последен ден на оваа позиција.

Влегов со план и визија, со посветеност, професионализам и со континуирана работна динамика, и сето тоа со цел да им овозможам на сите граѓани подеднаков третман и подобри услови за услугите кои ги пружа ова претпријатие.

Но сепак морам да истакнам дека градот Скопје е комплексен систем на институционално управување во кои се испреплетени повеќе фактори. Тимската работа на градоначалникот и јавните претпријатија е неопходна, токму затоа нарушената координација е сериозна опасност за непречено функционирање на скопската локална самоуправа, а тоа е секако на штета на граѓаните. Дополнително вчера бевме сведоци на политичко-медиумска конструкција против директорот на едно јавно претпријатие и секретарот на Град Скопје, при што без никакви факти и аргументи истите беа експресно „елиминирани“. Значи тоа се случува кога мерило за успехот не се резултатите, туку игрите кои се рефлексија на други поинакви интереси од колективните. Сето ова покажува дека многу малку или воопшто не се посветува внимание на она што беше ветено пред граѓаните за модерно Скопје, и јас како поединец и покрај бројните резултати за кус период не сакам да бидам дел од систем каде приоритет не се нашите цели и проекти, и каде нема поддршка од Градот ниту, пак, има нормална комуникација со градоначалникот. Затоа поради незаинтересираноста на првиот човек на градот за потребите на скопјани и градски паркинзи, како и поради драстично намалената поддршка на проектите кои со сопствени средства ги реалираме денес, поднесувам неотповиклива оставка од позицијата в.д. директор на ЈП Градски паркинг – Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.