ДАРА БУБАМАРА: Шеик ми нуди 6 милиони евра, а ме сака и фудбалер на АТЛЕТИКО

Пејачката Дара Бубамара неодамна изјави дека секојдневно добива пораки од светски познати фаци, а на списокот се наоѓаат шеик и фудбалер од Атлетико Мадрид.

ДАРА БУБАМАРА: Шеик ми нуди 6 милиони евра, а ме сака и фудбалер на АТЛЕТИКО

Сега откри дека најчесто ги чита пораките што ги добива на Инстаграм со пријателите, но откри и каква понуда ја добила од маж.

„Почнаа да ми пишуваат непознати луѓе, од некој шеик, ми понуди 5, 6 милиони, ништо не одговорив, го праќам во мојата фирма, се исмеваме“, изјави Дара за „ЕксклуЗивно“.

Неодамна се пишуваше дека пејачката му паднала во очи на играч на Атлетико Мадрид, кој неодамна го продолжи договорот со овој клуб, па за четири години ќе заработи 48 милиони евра. За славниот спортист велат дека е толку приврзан за Дара што секојдневно и пишува на Инстаграм.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.