Пејачот Дарко Лазиќ кој со денови е во болница по тешката несреќа која ја доживеа кога се преврте со автомобилот, по што имаше бројни скршеници, му ја извадија слезинката и беше во вештачка кома, сега има само една желба.
Тој трпи силни болки во нозете откако го скрши колкот и бара само да си ја види вереницата, и лекарите да ја пуштат внатре.
Поради силните болки докторите решиле да го оперираат уште еднаш.
Извор вели дека неговата единствена и најголема желба е да си ја види девојката која му е голема поддршка