Дачиќ: Нема повеќе криење, посебно не зад Косово

Loading...

Српскиот премиер Ивица Дачиќ, во авторски текст објавен во недела во весникот „Политика“, рече дека во Србија повеќе никој нема право да се крие, а посебно не зад Косово, бидејќи новиот обид за криење, како што пишува Дачиќ, би завршил со уште еден егзодус, нови жртви и нов пораз.Српскиот премиер велид ека договорот во Брисел е крај на почетокот, симнување на 20 гбодишното бреме од грбот на целата нација, како и тоа дека девастирањето на Србија морало да запре.Дачиќ ги цитираше зборовите на Пикасо, творецот на „Герника“, сликата на целосното уништување.„Кој сака нешто да направи, наоѓа начин – кој не сака ништо да направи, наоѓа оправдување“.„И можеби некој ќе се лути ако се рече дека станавме Герника на Балканот, но никој не може да оспори дека во изминатите 20 години ги доживеавме сите облици на катаклизма. Распад на неколку држави, исклучување од меѓународната заедница, санкции, сиромаштија, бомби, глад и самоубиствен грабеж на самите себе и својот имот“, наведува Дачиќ во авторскиот текст објавен во денешна „Политика“.
МакфаксСрпскиот премиер Ивица Дачиќ, во авторски текст објавен во недела во весникот „Политика“, рече дека во Срб

loading...
Loading...