Дачиќ: Уривањето на Владата би значело запирање на Србија

Loading...

Српскиот премиер Ивица Дачиќ изјави дека во овој момент уривањето на Владата би значело запирање на Србија и оцени дека таа ќе биде запаметена како влада со најдобри резултати во однос на сите претходни.

„Кога станува збор за односите во Владата, ние имаме многу јасен договор, а тоа е дека нè интересираат резултати: Имаме цел да добиеме датум за почеток на преговори, а да го добиеме тоа, мораме да оствариме напредок во дијалогот со Приштина. За да го имаме сето тоа, мораме да имаме и регионална стабилност, за на крајот сето тоа да резултира со полза за нашите граѓани”, рече Дачиќ.
Осврнувајќи се на повиците дека треба да поднесе оставка заради состанокот со Родољуб Радуловиќ, членот на нарко-кланот на Дарко Шариќ, Дачиќ повтори дека не направил никакво кривично дело и дека никогаш не се среќавал со припадници на организирани криминални групи.
Makфакс
Српскиот премиер Ивица Дачиќ изјави дека во овој момент уривањето на Владата би значело запира

loading...
Loading...