Дајана по убиството на Версаче: Ќе го направат истото со мене додека сум во автомобил

Принцезата Дајана е на јахта во Средоземното Море со љубовникот Доди ал Фаед кога до неа доаѓа информацијата за убиството на еден од најблиските пријатели, Џани Версаче. Италијанскиот дизајнер е убиен на имотот во Мајами. Убиец е младиот Ендрју Кананан. Версаче е четвртата жртва и последна, на 27-годишниот хомосексуалец кој се самоубива осум дена подоцна.
Принцезата присуствува на погребот на Џани во Милано.
Следниот ден бодигардот на Доди ал Фаед ја наоѓа Дајана на палубата на јахтата и таа го прашува: Мислиш ли дека и на мене ќе ми се случи истото: Скршена сум од загубата на толку голем и талентиран човек.


Дајана стравувала дека може да ја има истата судбина како и Џани, наведуваат извори на весникот „Мирор“.
Во писмо напишано од неа до својот пријател и дизајнер Роберто Девори таа наведува: Тие ќе го направат тоа додека сум во авион, во автомобил, додека возам или во хеликоптер. Седум недели подоцна, лејди Дајана и Доди загинаа во сообраќајка во Париз во тунел под мостот Алма кога таа имаше 36 години.