Да и помогнеме на двегодишната Михаела која треба да се лекува во Германија! Да и обезбедиме мирно и безгрижно детство

Loading...

Малата Михаела која е родена на 19.11.2017 година од Куклиш,Стумица, во овие дваесет месеци од својот живот секојдневно има непознати епилептични напади. Наместо таа и нејзините најблиски да се радуваат на нејзините први зборови, тие овие дваесет месеци ги минуваат низ болничките ходници барајќи помош, дијагностицирање и соодветна терапија за Михаела.
Ниту еден ден не поминува без болните епилептични напади на Михаела, грчеви, напади и плачење без престан деноноќно! Сите прегледи што се направени во нашата држава, лечења и терапии не ја подобруваат нејзината состојба, бидејќи уште не е дијагностициран проблемот и точната дијагноза на Михаела…
Но, сепак постои можност, една шанса да се олесни животот на оваа мало девојче.
Докторите од клиниката Helios Klinikum Niederberg GmbH, Билберт-Германија врвни специјалисти во областа на неврологијата ветуваат многу за Михаела. Единствената нејзина шанса е токму овде, да се дијагностицира проблемот, да се добие соодветна терапија и да се олесни нејзиниот живот.
Потребната сума за испитувањена Михаела се НАД 6.000 ЕВРА.
Нејзиното семејство не е во можност да ги обезбеди овие средства, затоа сме овде ние…Да помогнеме и да донираме на нејзината сметка.
ХУМАНИТАРНА СМЕТКА ЗА МИХАЕЛА ВО КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ 300031000004220!

loading...