ДА НЕ БЕШЕ БОКИ, СИН МИ ЌЕ РАБОТЕШЕ НА БРОД, КАЖАЛА КАТИЦА, СПОРЕД СВЕДОЧЕЊЕТО НА АНА КАМЧЕВА

Loading...

Според денешното сведочење на Ана Камчева, сопругата на Орце Камчев, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева му бил благодарна на Бојан Јовановски-Боки 13 што го вработил нејзиниот син Лазар Јанев во 1ТВ. Камчева сведочи за средбите со Боки 13 и Зоран Милески, а потоа и со Јанева во домот на Боки 13 во Орман.
„Се договоривме со сопругот да ги исплатиме 500-те илјади евра, зашто, видовме, имаме проблем. Понудивме гаранција од над 14 милиони евра до судијата Димишкова. Парите ги побарав од сметководителката Мими. Таа ги извади од нашите фирми. 350.000 евра беа ставени во несесер. Ги донесе дома мојата свекрва Ратка Камчева. Ги однесовме во станот на Јовановски во Орман. Беше таму девојчето што работи, Сергеј Варошлија, јас и Милески. Се шегуваше за несесерот“, сведочеше Камчева.


Милески требало да најде уште 150.000, според сведочењето на Камчева.
„Дојде денот за средбата со Катица Јанева. Се случи во домот на Јовановски во Орман. Се поздравив со неа. Зборевме на почетокот за децата. Фала му на Боки, да не беше тој да го вработи син ми, сега ќе работеше на брод“, кажа Камчева.
БОКИ 13 ИМАШЕ ИНФОРМАЦИИ, КОГА СОПРУГОТ ЌЕ БИДЕ ОДНЕСЕН ВО СЈО, КОИ СЕ СВЕДОЦИ, СВЕДОЧИ АНА КАМЧЕВА НА „РЕКЕТ’
Во „Рекет“, Боки 13 е обвинет за кривичните дела Перење пари и за Примање награда за противзаконито влијание, а второобвинетата Катица Јанева за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувањата. Зоран Милески-Кичеец, исто така, беше обвинет за Примање награда за противзаконито влијание, но тој го призна делото и беше осуден на три години затвор во издвоена постапка. Тројцата ги пријави Орце Камчев дека го рекетирале за да му ја олеснат положбата во истрагата „Империја“, каде што е првоосомничен.

loading...
Loading...