Да се биде личен тренер ми е предизвик – Наумовска

Ангажирање на персонален тренер е најдобар и најбрз начин да ги постигнете своите цели во фитнесот. Било тоа да е намалување на процентот на маснотии во вашето тело, зголемување на мускулната маса или едноставно сакате да живеете поздраво и да го подигнете квалитетот на својот живот на едно повисоко ниво, персоналниот тренер е лицност која е тука да ви помогне во тоа. Главната одлика е индивидуалниот пристап. Прилагодување и насока која ги задоволува вашите потреби, а се во зависност од вашата моментална здраствена состојба, физичка спремност и животен стил.
Редовното везбање, одморот и квалитетната исхрана создаваат една магична пирамида. Може ви звучи дека делува напорно секојдневно да се посветувате на тоа, но токму поради тоа јас ви стојам на располагање.
Планирањето на тренинзите за секој посебно ми е додатна инспирација и мотивација, бидејки секој човек е различен и единствен. Инсистирам на правилно изведување на вежбите, функционалност, мобилност, правилно дишење и издржливост. Верувам во здравјето, надминувањето на себе, во поместувањето на сопствените граници. – Александра Наумовска
Што кажуваат клиентките на Александра за неа?
“Покрај нејзината позветеност, знаење и искуство, она што го прави секој тренинг со неа единствен е нејзиниот позитивен став. Научив многу од неа и што е најважно стекнав одличен пријател!“
“Оваа девојка пред се ја карактеризирам како вреден и совесен тренер. Со толку многу љубов и несебичност на наједноставен нацин не учи како да вежбаме правилно. Девојка, која го вади најдоброто од мене. Ти благодарам. “

Па ви останува да започнете. Мотивацијата што ја сподели Александра веруваме дека ќе мотивира многу нови вежбачи.