Дваесетгодишен роденден на еврото

Loading...

Еврото за прв пат се појави на 1 јануари 1999. година и на почетокот постоеше само како виртуелна валута во сметководствените и во финансиските трансакции. Реалност стана по три години, а денес кованите и хартиените банкноти ги користат повеќе од 340 милиони луѓе во 19 европски држави.
Прекарот ,,Теуро” го доби во Германија, по зборот кој означува скапо. Како што наведуваат аналитичарите еврото денес е попопуларно од претходно и покрај јакнењето на евроскептичните, популистички движења во повеќе држави.
Испитувањето на јавното мислење спроведено во ноември за Европската централна банка (ЕЦБ) покажало дека 74 насто од граѓаните на еврозоната сметаат дека еврото било добро за Европската Унија, а 64 насто дека било добро за нивната држава. Со тоа што доминацијата на американскиот долар се уште не може да се доведе во прашање на еврото му преостанува местото зад него, односно тоа е  втора светска валута.
Најголемите искушенија во две децениското постоење еврото ги доживеа кога последиците од финансиската криза во 2008. година предизвикаа должничка криза во еврозоната, која кулминираше со спасување на неколку држави, со што валутната унија и нејзиното единство беа доведени на раб на пукање. Марио Драги, претседателот на Европската централна банка се смета за заслужен за спасување на еврото во 2012. година, кој порача дека ЕЦБ, која води монетарна политика на еврозоната, ќе направи ,,се што ќе биде потребно” за да се сочува единствената валута.

 

loading...