Дваесет години затвор за екс-лидер на ЕТА во Франција

Loading...

Поранешниот воен лидер на баскиското сепаратистичко движење ЕТА, познат по името Чероки, осуден е во средата на францускиот суд на 20 години затвор, поради грабнување и изработка на бомби.игуел Гарикоиц Аспиазу Рубина, познат по прекарот Чероки беше уапсен во ноември 2008 година во планинската област на Пиринеи во близина на шпанската граница. Тој е поврзуван со грабнување на шпанска брачна двојка и дете во таа област, претходната 2007 година.Чероки беше обвинет и за случајот убиство на двајца припадници на шпанската цивилна гарда во југозападниот француски град Капбретон, извршено на 1-ви декември 2007 година. Но, судијката Лоренс Ле Верт не му го припиша пред пет години и обвинението за убиство, затоа што во овој стадиум на истрагата, ниту еден елемент не упатуваше на тоа дека воениот шеф на ЕТА бил третиот човек во групата којашто пукала кон шпанските полицајци, во момент кога тие излегувале од кафеана, додека биле на тајна мисија.Чероки беше обвинет и за бомбашкиот напад извршен пред две години на аеродромот во Мадрид, при што загинаа двајца емигранти од Еквадор на паркингот од аеродромот. Тоа беше првото обвинение против Чероки, покреанато од шпанските власти.Францускиот суд го прогласи виновен за изработка на 500 килограми експлозив и грабнување на шпанската брачна двојка и нивното четиригодишно дете.Деветтемина сообвинети беа прогласени виновни и добија затворски казни од осум до дваесет години.
МакфаксПоранешниот воен лидер на баскиското сепаратистичко движење ЕТА, познат по името Чероки, осуден е во средата на

loading...