Дваесет и една година од загинувањето на бранителите кај Љуботенски Бачила. Почна ли да заборава Македонија на своите херои и жртви од 2001 година?

Почна ли да заборава Македонија на своите херои и жртви од 2001 година? Зошто сеуште нема официјална верзија за војната? Зошто нема документарци? Зошто никој ништо не пишува и истражува на темата?

Кој ги амнестираше воените злосторства и зошто?? Никогаш не добивме разрешница и одговори:

Помина 21 година од масакрот кај месноста Љуботенски Бачила, кога загинаа осуммина припадници на резервниот состав на АРМ, а исто толку беа повредени. На тој, 10 август 2001-та, иако беше прогласено примирје и прекин на огнот, рано изутрината околу 8 часот, воениот камион на АРМ со сите војници во него, нагазил на две противтенковски мини.
Дваесет и една година од загинувањето на бранителите кај Љуботенски Бачила

На 10 август 2001 година на патот кај месноста Љуботенски Бачила армиско товарно возило нагази на две противтенковски мини. Животите ги загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, припадници на резервниот армиски состав. 

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.