Двајца гостиварци фатени со марихуана на наплатна рампа “Гостивар“

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.И.(24) и Ф.Ј.(24), двајцата од Гостивар поради “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурзори“.
Во 17:05 часот на автопатот Скопје – Тетово, на наплатна станица „Гостивар“, од страна на полициски службеници при преглед на патничко моторно возило управувано од второпријавениот, била пронајдена марихуана, која тој претходно ја набавил од првопријавениот.

 

Loading...