Двајца загинати, тројца ранети во ромска населба во Софија

Loading...

Две лица загинаа, а три се тешко повредени во престрелка во соседска расправија во Софија, јавија локалните медиуми, повикувајќи се на полициски и болнички извори.Инцидентот се случил во населбата „Димитар Миленков“, кога 67-годишно лице влегол во куќата на соседите и го застрелал целото семејство, при што едно лице починало, а три биле ранети, но подоцна една од ранетите починала.
Откако се вратил во својот дом напаѓачот се обидел да се убие и е хоспитализиран во тешка здравствена состојба.Полицијата соопшти дека напаѓачот е воен ветеран, но одби да ја соопшти неговата националност, додека жртвите на нападот се од ромско семејство.Напаѓачот и вчера се расправал со соседите, при што се пожалил на чадот што излегува од нивната куќа и им се заканил дека ќе ги убие.Како што јави агенцијата Бгнес, вечерва околу 100 Роми протестираат поради дејствата на убиецот, а се слушаат и повици за порадикални дејствија.Блиски пријатели роднини на настраданите се заканија со освета и заплашуваат со зборовите „заб за заб, глава за глава“. Повеќето од нив бараат семејството на убиецот да ја напушти населбата.На местото на настанот има зајакнати полициски сили.
МакфаксДве лица загинаа, а три се тешко повредени во престрелка во соседска расправија во Софија, јавија локалните медиуми, п

loading...
Loading...