Двајца министри во притвор, еден во куќен притвор, Димовски на чекање

“Лицата се осомничени дека во својство на министри за земјоделство, шумарство и водостопанство и нивни заменици во одреден период склучувале договори за закуп на земјоделско земјиште, кои не ги раскинувале иако закупувачите не го плаќале надоместокот за закуп. Станува збор за досега утврдени 584 договори за закуп на земјоделско земјиште на разни локации во државата. На овој начин му била предизвикана штета на буџетот на Република Македонија во износ од 88.467.607 денари (над 1,4 милион евра)“.
Ова беше соопштението по кое Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело “злоупотреба на службената положба и овластувањето при јавни набавки”.
Поранешните министри Михаил Цветков и Христијан Делев завршија во притвор, а Ацо Спасеновски поради влошена здравствена состојба заврши во куќен притвор. За Љупчо Димовски ќе се чека одлука на собраниската комисија, потврди Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

.

 

Loading...