Двајца од повредените во Бугарија пренесени на Клиниката за пластична хирургија

Loading...

17 годишна пациентка и 49 годишен маж, двајца од повредените во сообраќајката на автопатот „Струма“кои беа хоспитализирани во болницата „Пирогов“ со возила на итната медицинска помош се преземени на Клиниката за пластична хирургија во Скопје за натамошно набљудување.
Со солзи во очите ги пречекааа нивните семејства и медицинскиот тим пред Ургентниот центар.
“ТУКА СМЕ ПОРАДИ ВНУКА МИ, КОЈА ИМА 16 ГОДИНИ И ИМА ПЛАСТИЧНА ОПЕРАЦИЈА НА РАКАТА, ИМА ИЗГОРЕНИЦИ МАЛКУ НА ЛЕВАТА И НА ЧЕЛОТО. ТОА Е СЕ. ВО ШОК Е, НО ЌЕ СЕ СТРПИМЕ, ТОА Е ТОА. ОД ЕДНА СТРАНА СМЕ СРЕЌНИ, А ОД ДРУГА СТРАНА ТАЖНИ. ИМАМЕ И МНОГУ ПОЧИНАТИ. БОГ НЕКА СЕ СМИЛУВА НА РОДНИНИТЕ И НЕКА ИМ ДАДЕ, НЕ ЗНАМ, НЕ ЗНАМ ШТО ДА КАЖАМ ПОВЕЌЕ. БЛИСКИ РОДНИНИ ВИ ПОЧИНАА ? ПРИЈАТЕЛИ, РОДНИНИ, СЕ Е ПОВРЗАНО” – ИЗЈАВИ РЕЏЕЉ КАМБЕРОВСКИ, РОДНИНА НА ПОВРЕДЕНОТО ДЕВОЈЧЕ.
Во моментов состојбата на пациентиете е стабилна, вели министерот Филипче.
“ЈАС УТРОВО РАЗГОВАРАВ СО ДИРЕКТОРОТ НА БОЛНИЦАТА. ТИЕ СЕ ИСПИШУВААТ ВО СТАБИЛНА СОСТОЈБА, КАКО ШТО ВПРОЧЕМ БЕА ЦЕЛОКУПНИОТ ОВОЈ ПЕРИОД. СТАНУВА ЗБОР ЗА 17 ГОДИШНА ДЕВОЈКА И УШТЕ ЕДЕН ПОВОЗРАСЕН ПАЦИЕНТ И ИМААТ ПОВРЕДИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ РАЗГЛЕДААТ И ДА БИДАТ СМЕСТЕНИ НА КЛИНИКАТА ЗА ПЛАСТИЧНА ХИРУРГИЈА. ЌЕ БИДАТ ЗАДРЖАНИ НА ОПСЕРВАЦИЈА И СОГЛАСНО ТОА КОЛКУ ТРЕБА ДА ОСТАНАТ, ЌЕ НАПРАВИМЕ ПРОЦЕНКА ДА СЕ ИСПИШАТ НА ДОМАШЕН ТРЕТМАН. ПРИСТИГНАА И КОЛЕГИТЕ ОД ПСИХИЈАТРИЈА ЗА ДА СЕ ДАДЕ ПСИХОЛОШКА ПОДДРШКА ШТО Е МНОГУ ВАЖНО ВО ОВОЈ МОМЕНТ” – ИЗЈАВИ МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО, ВЕНКО ФИЛИПЧЕ.
Веќе во понеделник согласно проценките на медицинскиот тим во болницата„Пирогов“ се очекува уште тројца од повредените пациенти да пристигнат во Скопје.
“СИТЕ СЕ ВО СТАБИЛНА СОСТОЈБА И СИТЕ СЕ СО ПОЛЕСНИ ПОВРЕДИ, ОСВЕН ЕДНИОТ ПАЦИЕНТ КОЈ ИМАШЕ ДВА ХИРУРШКИ ЗАФАТА, ЕДЕН ПОРАДИ СКРШЕНИЦА НА ПОТКОЛЕНИЦА И ДРУГ ПОРАДИ НЕШТО ПОСЕРИОЗНА СКРШЕНИЦА НА ДВА ПРШЛЕНА. ТОЈ Е ВО СТАБИЛНА СОСТОЈБА И ИМААТ ПОВРЕДИ КОИ СЕ ВО СФЕРАТА НА ПЛАСТИЧНА ХИРУРГИЈА, ПОСЕКОТИНИ, НАГМЕЧУВАЊА ИТН, А ТОЈ ПАЦИЕНТ ВО СФЕРАТА НА ТРАУМАТОЛОГИЈАТА” – ДОДАВА ФИЛИПЧЕ.
Се очекува во текот на претстојната недела да бидат транспортирани сите пациенти.
Седмиот пациент, кој претходно беше опериран на Клиниката за ортопедија и трауматологија, а подоцна и на Клиниката за неврохирургија, е во стабилна состојба.

loading...
Loading...