Двајца повредени во тешка сообраќајка во Скопје

Loading...

Синоќа во Скопје се случи тешка сообраќајна несреќа. Како што стои во билтенот на МВР, синоќа околу 19:15 часот на улица „Јадранска магистрала“ во Скопје, патничко „Шкода Фелиција“ со скопски регистарски таблички, управувано од З.Р.(51) од Скопје, излетало од коловозот. По незгодата, возачот З.Р. и сопатникот А.Н.(59) од Скопје со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во ГОБ „8 Септември“. На А.Н. му биле констатирани тешки телесни повреди, а на возачот му биле константирани телесни повреди. Увидна екипа од СВР Скопје извршила увид на местото на настанот.

loading...